Centar.mk
БИЗНИСИЗБОР

Ангеловска-Бежоска: Најновите податоци за стабилноста на банкарскиот систем остануваат поволни

Гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска оствари работна средба со Ари Наим, регионалниот раководител за Централна и Југоисточна Европа на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) – членка на Групацијата на Светската банка, на кој се разговараше за макроекономската состојба и за состојбата во финансискиот систем.

На состанокот, гувернерката истакнала дека најновите податоци за стабилноста на банкарскиот систем остануваат поволни, а дека кредитната поддршка за граѓаните и компаниите продолжува со солиден раст од околу 6%. Притоа, таа нагласила дека согласно со новиот среднорочен Стратегиски план на Народната банка, во сферата на финансискиот систем ќе се стави поголем акцент на поддршката на финансирањето на т.н. зелени проекти, кои ќе помогнат во процесот на трансформација на економијата. Во оваа насока, Народната банка неодамна спроведе и Анкета за да се процени во колкава мера банките финансираат зелени проекти и да се разгледаат можностите за натамошно поттикнување, информираат од таму.

Регионалниот раководител на ИФЦ, Наим, истакнал дека е од големо значење одржувањето на стабилноста на банкарскиот систем и дека ги поддржува заложбите на Народната банка во доменот на зелените финансии. Притоа истакнал дека ИФЦ останува посветена на финансирањето проекти кои ќе го поддржат растот на македонската економија, вклучително и на зелените проекти, кои ќе овозможат и постепена трансформација на економијата.

Можеби ќе ве интересира

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025: Локално признание за„Најдобра банка“ и регионално признание за „Најдобра дигитална банка“

C +

Тренчевска: Решението на СДСМ значи поддршка на работниците за 600 евра плата и поддршка на компаниите

ДЕСК

Гувернерот Славески: Монетарната политика обезбедува стабилен денар, контролирана инфлација и стабилен банкарски систем

ДЕСК