Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Ме плаши порастот на евроскептицизмот, а со вакви одлуки и ЕУ тоа го овозможи

„Трети сили се обидуваат да вршат и вршат влијание, но прашањето е колку тоа ние ќе го дозволиме“, тврди премиерот Зоран Заев во гостувањето во емисијата „Топ тема“, во однос на прашањето дали овој период на неизвесност на евроинтеграциите ќе успее трета сила да го искористи.

-Мене ме плаши порастот на евроскептицизмот, како и одлуките на ЕУ кои тоа го овозможуваат. Чуму ни се извештаите за напредок, ако после 16 години не добиваме никаков напредок. Не ги омаловажуваш извештаите, многу ни се значајни, но вака ја губат смислата, изјави Заев.

Тој истакна дека ќе остане резервиран во однос на надежите за напредокот.

-На шести октомври има самит за време на словенечкото претседателство, треба да имаме надеж дека ќе се реши проблемот, но до тоа би дошло само другата страна не бара изговори, вели Заев.

Откривајќи ги деталите од португалскиот предлог, тој кажа дека земјава имала обврска да и понуди патоказ на Бугарија, а во него биле опфатени сите области, образование, спорт, здравство, култура со конкретни рокови.

-Таму повторивме дека немаме територијални претензии. За нив не беше проблем „Република Македонија“, но „Република Северна Македонија“ сега е, нагласи Заев. 

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Пари за 600 евра минимална плата само со кратење на луксузот на власта

ДЕСК

Обвинителството оформи предмет по допрен глас за наводите за транспорт на мозоци од починати лица во САД

ДЕСК

СДСМ: Молкот за дрогата од 5 тони е потврда дека скандалот оди до врвот на власта

ДЕСК