Османи во друштво на министерката за економија и финансии на Албанија, Анила Денај како и Амбасадорите на САД, Германија, Грција, Обединетото кралство дебатираа на темата, посветена на стабилноста и соработката во регионот на Балканот, економскиот развој на земјава по пандемијата, за конкурентноста кај бизнисите, за странските инвестиции како и потенцијалите што ги нуди регионалната соработка како важен предуслов на приближувањето на земјите од регионот кон ЕУ.
Зборувајќи на темата, Османи нагласи дека регионалната соработка е еден од петте столба, важен приоритет од неговата мандатна мисија како министер за надворешни работи. Во тој контекст го спомна проактивното учество на земјата во тековните регионални иницијативи, како што е Берлинскиот процес, а информираше и за автентичната „Иницијатива 8“- трилатерален процес за тесна координација и соработка помеѓу Северна Македонија, Албанија и Бугарија, врз основа на која, инвестициските проекти долж Коридорот 8, има цел да го поврзе Јадранското Море во Албанија, преку Северна Македонија, достигнувајќи до Црното Море во Бугарија.
Во истиот контекст, Министерот најави уште една иницијатива за одржување на неформален состанок на министрите за надворешни работи на земјите од Западниот Балкан – наречен Б6; овој состанок треба да прерасне во форум за поедноставна, брза и непосредна комуникација на дипломатиите од регионот, налик на сличните форуми во рамките на европските земји, како што се Ц5 или В4.
Кога говориме за целиот регион, пред 20, 30 години, ова беше регион познат по нестабилност, оптоварен со тековните војни и конфликти. Денес, сите со гордост можеме да кажеме дека имаме нова регионална „парадигма“, имаме регион што зборува за заеднички регионален пазар, заснован на четирите европски столба, пазар од 18 милиони потрошувачи, чија цел е отстранување на бариерите што го ограничуваат движењето на луѓе, стоки, капитал и услуги; пазар што претставува деловна можност од меѓународен интерес, инвестициски фонд или финансиска доверба; и на крајот, пазар кој е голем потенцијал за заживување на регионот и за понатамошно подготвување на регионот кон идна интеграција во заедничкиот внатрешен пазар на ЕУ“, заклучи Османи.
Говорејќи за трансформација, стабилност и интеграција на регионот, Министерот особено се осврна на соработката и стратешкото партнерство со Соединетите Aмерикански Држави како многу важен стратешки партнер, не само на Северна Македонија, туку и на регионот.
Како стратешки партнери од 2008 година, нашата намера е да ја заживееме и прошириме нашата соработка како нови сојузници. Новиот пристап на американската администрација, за повторно заживување на трансатлантското партнерство, ни создава многу можности што треба да ги искористиме и да ги искористиме за да ја поттикнеме регионалната стабилност“, истакна Османи.
Организатор на Економскиот Форум во Скопје е Делфи Економскиот Форум заедно со Грчката бизнис асоцијација од Северна Македонија. Целта на Економскиот форум во Скопје е да прерасне во средба на високо ниво на најсилните локални и меѓународни политички лидери и бизнисмени во пресрет на континуираните предизвици со кои се соочува Северна Македонија, но и поширокиот регион.