Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: За сите прашања може да се најде решение доколку сме креативни и ги почтуваме идентитетот и достоинството

„Сметам дека за сите прашања може да се најде решение доколку сме креативни и ги почитуваме идентитетот и достоинството на двата народа. Можам да ви кажам дека прашањето на посебноста на македонскиот јаизк и посебноста на македонскиот идентитет во ниту еден момент не биле предмет на преговори, ниту ќе бидат“ рече секретарот за меѓународна соработка на СДСМ и министер за правда, Бојан Маричиќ во емисијата „24 анализа“ на ТВ24.

„Португалскиот предлог е основа за наоѓање на решение со Бугарија. Во него има прилично конкретни формулации кои можеби не ни се допаѓаат на прв поглед, но се добри како компромис за да се утврди дека постои различно мислење во двете држави и кај двете народи по одредени прашања, но и механизам за надминување на тие прашања“ рече Маричиќ.

Тој додаде дека очекуваат формирање на влада во Бугарија која ќе биде кредибилен политички партнер со кој ќе може да се воспостави контакт за дијалог.

Во дебатата со секретарот за меѓународна политика на ВМРО-ДПМНЕ, Влатко Ѓорчев, министерот Маричиќ кажа дека опозициската партија во 11 години на власт испорача изолација и сиромаштија и држава од која сите сакаат да заминат.

„Од сите адреси низ Европа и Светот ни кажааа дека биле лажени со години за состојбата во државата и желбата да се решат споровите. Ние тргнавме да ја извлекуваме државата од калта на ВМРО-ДПМНЕ и ја направивме членка на НАТО“ рече Маричиќ.

Можеби ќе ве интересира

Трендафилов побара мерки против пратеничката Дафина Стојановска оти ги објави неговите деца и за утре најави блокада на газдите

C +

Забраната на социјалните мрежи за најмладите во Македонија би била радикален чекор, рече министерот Андоновски во Прилеп

C +

СДСМ: Кампањата против предметите на СЈО е дел од операција за враќање на Груевски

C +