Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Предложени парични казни за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка и поднесе предлози за издавање казнени налози против три лица зaради кривично дело – Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија според член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Обвинетите го сториле делото непочитувајќи го важечкиот полициски час, определен како мерка за спречување на ширењето на коронавирусот. За време на важечката забрана биле затекнати како се движат на различни локации во градот, без да поседуваат дозвола.

Обвинителството на Основниот кривичен суд Скопје му предложи за сите обвинети да определи парични казни од по 100 дневни глоби со поединечна вредност на дневната глоба од 20 евра во денарска противвредност.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Дожд и снег со локално над 50 l/m² – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Мицкоски на средба со Орбан и говор на научната установа MCC: Македонија и Унгарија градат силно стратешко партнерство, економијата е во фокусот

ДЕСК

Трагедија го потресе Скопје: 38 годишен маж пронајден починат, а до него имало пиштол – претходно бил пријавен за исчезнат

ДЕСК