Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Министерот Јетон Шаќири оствари работна средба со градоначалникот на Општина Дебар Хекуран Дука

,,Денес ми беше чест, во просториите на Министерството за информатичко општество и администрација да го чекам на работен состанок, градоначалникот на Општина Дебар, г-дин Хекуран Дука.

За време на состанокот разговаравме за можноста за дигитализација на услугите на оваа општина и нивно вклучување во националниот портал за е-услуги. Го уверив градоначалникот Дука дека Министерството што го водам е подготвено да ги стави на располагање сите свои капацитети за да помогне во овој процес.

Исто така се дискутираше за можноста за поврзување на оваа општина со системот за управување со документи (ДМС). Со поврзување на овој систем, меѓуинституционалната комуникација станува побрза и поефикасна.

Состанокот го завршивме со ветување дека ќе ја продлабочиме меѓуинституционалната соработка и комуникација, со цел да постигнеме конкретни резултати во иднина, во корист на граѓаните“, истакна министерот за информатичко општество и администрација Јетон Шаќири.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК