23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Додека ние се боревме со пандемијата опозицијата ширеше лажни вести

Мината година беше специфична за сите земји во светот, не снајде пандемија за која ниту еден здравствен систем, ниту една земја не се спремала ниту очекувала и покажавме  што значи добар менаџмент на здравствена криза, покажавме што значи тимска работа, покажавме што значи пожртвувана работа, рече министерот за здравство и потпретседател на СДСМ, Венко Филипче на граѓанска трибина во Гостивар.
 
-Покажавме дека граѓаните може да се чувствуваат сигурни, покажавме што значи одговорност. Што правеше политичкиот опонент ВМРО-ДПМНЕ, лажеше, кеираше лажни вести, клеветеше, се закануваше, како некој да им се плаши од заканите. Знаеме дека нивните закани се закани на страв и несигурност, додека ние не спиевме да ја менаџираме кризата тие се будеа со идеи како политички да профитираат, рече Филипче.
 
Тој запраша „Какво е тоа поигрување со здравјето на граѓаните“?
 
-ВМРО-ДПМНЕ лажеа за состојбата во Дебар, дека нема тестови, лекови, дека нема болнички места, ги делеа докторите на наши и ваши и последното се впуштија во ширење на лажна вест дека вакцините немаат никаков ефект.Слушаме ќе се ребрендирале, партија за сите граѓани, уште е една голема лага, не можат да бидат тоа кога ги делат лекарите на наши и ваши, ги делат граѓаните на патриоти и предавници, не почитувани граѓани волкот го менува влакното но не и карактерот, рече Филипче.
 
Тој посочи дека затоа СДСМ е партија која ги слуша слуша потребите на граѓаните и ги креира решенијата.