8. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Битиќи во службена посета во Цирих – Воспоставувањето на стопанска комора помеѓу Швајцарија и Северна Македонија отвора нови можности за економска соработка

Заменикот на претседателот на Владата, задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, кој е во неколкудневна посета во Цирих, Швајцарска Конфедерација, за време на службената посета оствари средби со претставници на политичкиот и економскиот живот во оваа земја пришто се разговараше за воспоставување на заедничка стопанска комора, а воедно беа презентирани и можностите и поволностите за инвестирање во нашата земја пред повеќе швајцарски компании.
Вицепремиерот Битиќи посредуваше во воспоставувањето на Македонско-Швајцарска стопанска комора, со која ќе се допринесе за интензивирање на економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Швајцарската Конфедерација.
„Со воспоставување на стопанската комора, економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Швајцарија ќе се развива со поголем интензитет, а со тоа и ќе се создадат многу нови можности за идни соработки и реализации“, посочи Битиќи.
На средбата беа дискутирани и можностите за пласирање на домашните производи и компании на швајцарскиот пазар.
„За првпат во историјата на нашите билатерални односи, се конкретизираат нашите заложби и напори за поголема економска соработка преку воспоставување на билатерални односи. Стопанската комора, која ќе има оперативини канцеларии во двете земји, ќе претставува нов мост кој ќе ги зацрвсти и продлабочи економските реалации помеѓу двете земји“, потенцираше Битиќи.
Во средбите со претставници на швајцарските компании, вицепремиерот Битиќи ги презентираше поволностите и можностите за инвестирање кои се нудат преку Законот за финансиска поддршка на инвестиции и Законот за стратешки инвестиции, пришто од страна на претставниците на швајцарските компании е искажан првичен интерес за инвестирање во нашата земја.

Можеби ќе ве интересира

Не се вознемирувајте: Попладнево сите граѓани ќе добијат тест смс порака преку системот cell broadcasting

ДЕСК

Алиу: За 45 дена над 1.250 нови вработувања во здравството

ДЕСК

Македонка се удави во Грција – нова трагедија го претвори летниот одмор во пекол

ДЕСК