Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Пронајдена дрога во штипскиот затвор, затвореникот пакувањата ги фрлил од прозорец а потоа признал дека се негови

Неколку пакувања марихуана и прашкаста материја биле пронајдени во Затворот во Штип, соопшти полицијата.

Од МВР појаснуваат дека на 14.06.2021 во 20.50 часот во СВР Штип, од Казнено-поправната установа Затвор Штип било пријавено дека биле пронајдени неколку пакувања марихуана и прашкаста материја.

Според пријавеното, затворските службеници забележале дека затвореникот Ф.З. ги фрлил од прозорец пакувањата, а потоа потврдил дека се негови. Дрогата била одземена од полициски службеници од СВР Штип за понатамошна постапка.

За настанот бил известен Јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава, велат надлежните.

Можеби ќе ве интересира

ИМА ЛИ ПРЕДИСТРАГА ЗА „АЛТА БАНКА“? – Државниот обвинител одби да открие пред пратениците

ДЕСК

НИКОЛА ЈАНКУЛОВСКИ НА ЧЕЛО НА ЛЕКАРСКАТА КОМОРА – Избрано ново раководство

ДЕСК

НОВИ КАЗНИ ПРЕКУ „БЕЗБЕДЕН ГРАД“ – Камерите ќе откриваат и непрописно паркирање

ДЕСК