Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Казнети 319 возачи во Скопје, од кои 44 за брзо возење

Полицијата вчера казни 319 возачи во Скопје, од кои 44 за брзо возење, информира Министерството за внатрешни работи.

„На територијата на град Скопје изречени се вкупно 319 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 44 санкции, 41 мерка за возење без возачка дозвола, 24 прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли. Изречени се 17 санкции за технички неисправни и нерегистрирани возила, 16 за некористење сигурносен појас, 17 за користење мобилен телефон, 94 санкции за непрописно паркирање“, велат од МВР.

Од таму најавија дека засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК