Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

28 луѓе казнети со по 2.000 евра, славеле за положен испит во стан во Скопје

Група од 28 луѓе славеле за положен испит во стан во Скопје. Сите се казнети со по 2.000 евра за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија

Според информациите од Основното јавно обвинителство Скопје, обвинетите, сите на возраст од 20 и 21 година, на 21 мај во раните утрински часови, биле затекнати при проверка во стан на улицата „Славејко Арсов“ каде биле собрани на прослава за положен испит по анатомија.

„Со ова тие постапиле спротивно на прописите со кои се определени мерки за спречување на коронавирусот, а со кои се забранува групирање на прослави и други собири заради заштита на здравјето на населението“, соопшти Обвинителството.

Можеби ќе ве интересира

Времето драстично се менува: Утрински мразеви и слаб дожд во најава

ДЕСК

Уставниот суд го поништи Законот за изменување на Законот за платите на судиите донесен во февруари 2026 година во Собранието

ДЕСК

Драма во Куманово: Малолетник уапсен по инцидент со пиштол и нож

ДЕСК