Соопштение на СДСМ:
Николов лаже и манипулира, платите во здравството растат, ВМРО-ДПМНЕ да учи што е вистинска грижа за здравствените работници
Тажно е што еден лекар како Игор Николов кој, во време на владата предводена од СДСМ и министерот за здравство д-р Венко Филипче, лично ги почувствувал бенефитите во здравството да лаже и манипулира.
Попуст е обидот на д-р Николов во име на неговата партија ВМРО ДПМНЕ и за додворување на Христијан Мицкоски да говори лаги! Основната плата на лекарите специјалисти се зголемени за 40%, на медицинските сестри помеѓу 20% и 23%, на општите лекари за 25%, а на здравствени соработници за 15%.
Во време на ВМРО-ДПМНЕ приватните специјализанти имаа месечни примања од 0 со букви НУЛА денари. Сега земаат по 30.000 денари месечно, а од јуни почна да им се плаќа здравствено осигурување и дежурства. Од март сите вработени во здравството без разлика дали се медицински или немедицински персонал добива по плус 5 % .
ВМРО-ДПМНЕ може да гледа и да учи што значи вистинска грижа за здравствените работници, што значат инвестиции во здравството.