Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Со поддршка од централната власт се реконструираат патишта во Врапчиште

Mинистерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, денеска беше во посета на општина Врапчиште, каде што почнува реконструкцијата на патниот правец до Зубовце.

Патот во должина од 2 километра се реконструира од страна на Министерството за транспорт и врски, со средства обезбедени преку заем од Светската банка. Според договорот, се очекува патниот правец во целост да биде завршен за седум месеци.

„Реконструкцијата на овој патен правец беше по барање на жителите и верувам дека со неговата санација ќе се обезбеди подобра комуникација меѓу овие населени места, но и поголема безбедност. Би сакал да истакнам дека во овој момент со Општината работиме и на реконструкција на водоводната мрежа за село Врапчиште, проект вреден 20 милиони денари. Преку овој проект се врши проширување на водоводната мрежа со цел да се покријат сите делови на селото во рамките на урбаниот опфат, а во согласност со новиот урабинистички план за Врапчиште“, изјави Бочварски.

Министерот најави дека во втората фаза ќе се реконструира и патинот правец од Врапчиште кон населеното место Галате, исто така со поддршка од централната власт.

Градоначалникот на општина Врапчиште, Исен Шабани, во своето обраќање рече дека овие инфраструктурни проекти ќе овозможат подобра комуникација меѓу населените места и ќе влијаат на зголемување на економскиот развој на општината.

Можеби ќе ве интересира

ДОАЃА НОВА ТУРА ДОЖД, А ПОТОА ЗНАЧИТЕЛНА ПРОМЕНА: Метеоролозите со нови најави за времето во следните 4 дена

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА ОДЗЕМА И ПО ДЕСЕТИНА АВТОМОБИЛИ ДНЕВНО: Лишени од слобода 16 возачи за безобѕирно управување возило, 11 од нив возеле без положен возачки испит

ДЕСК

Манасиевски: Башановиќ, кумот на Александар Вучич и екс советник на Зоран Заев, го води ПР-от на СДС и Филипче – затоа се опседнати со Србија

ДЕСК