Centar.mk
СПОРТ

Ериксен е жив, тој е во стабилна состојба и е пренесен во болница!

Стигнуваат позитивни информации од повеќе страни, Кристијан Ериксен е во стабилна состојба и е пренесен во болница.

Трауматични беа сцените на теренот во Копенхаген кога Ериксен колабираше на теренот а лекарите се обидуваа да го спасат.

Последните информации се позитивни. Спикерот на стадионот во Копенхаген потврди дека Ериксен е во стабилна состојба и е пренесен во болница.

Оваа вест ја потврди и УЕФА која информираше дека двата тима имаат кризен состанок и наскоро ќе има официјално соопштение дали натпреварот ќе продолжи.

Можеби ќе ве интересира

Во продажба билетите за Суперкупот со четири шпански гиганти: Фудбалскиот спектакл на Шпанија пристигнува во Истанбул

ДЕСК

Нова спортска приказна за салата „Македонија“ во Прилеп

ДЕСК

ШК Алкалоид ја освои својата 28. титула, 14 во низа!

ДЕСК