Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Кој не го почитува Преспанскиот договор како ВМРО ДПМНЕ носи дестабилизација – нов декрет на Бајден

Преспанскиот договор со Грција и Охридскиот рамковен договор се најдоа на листата на САД на клучни договори од регионот, кои доколку не се почитуваат и спроведуваат може да дведат до дестабилизација. Ова стана јасно откако американскиот претседател Џо Бајден потпиша нов декрет со кој им забранува влез во САД на сите лица што од Западен Балкан што нема да ги почитуваат овие договори, а воедно и ќе им го конфискува имотот на територија на државата.

За одговорни се сметаат оние што ги прекршиле договорите за регионална безбедност и мир, како Договорот од Преспа, Охридскиот рамковен договор, Резолуцијата 1244 и Дејтонскиот договор.

„Ситуацијата на територијата на поранешна Југославија во последните две децении беше комплексна и вклучува поткопување на повоени конфликти, како и раширена корупција во многу институции во оваа област. Оваа наредба претставува закана за националната безбедност и надворешната политика на регионот“, оценил Бајден.

На црната листа може да се најде и секој кој директно или индиректно се впушта во акции или политики кои ги нарушуваат демократските процеси и институции во регионот, оној кој извршил или поддржал злоупотреби на човекови права и секој кој бил вмешан, директно или индиректно, во корупција или поткуп, вклучително и владини претставници на сите нивоа.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК

СДСМ: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски без ефект, горивата пак ќе поскапат

ДЕСК

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК