Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

СДСМ “распали” по опозицијата: Исто како во режимот, ВМРО-ДПМНЕ прави притисоци врз судството за да ја опструира правдата

ВМРО-ДПМНЕ партијата која со години го контролираше судството не може да се помири со тоа што денес правосудните органи работат независно и професионално ослободени од политички и лични притисоци. Затоа оваа партија деновиве врши притисоци врз судството, јавно дава директиви како да работат и одлучуваат правосудните институции во предмети во кои самите се инволвирани како партија, велат од СДСМ.

Во соопштението на владејачката СДСМ, се вели дека Христијан Мицкоски и раководството на ВМРО-ДПМНЕ треба да знаат дека заврши времето кога политички партии вршеа притисоци, создаваа свои инсталации во судовите и обвинителствата, и нарачуваа предмети и пресуди. Тоа време заврши со падот на режимот.

– Реформите што Владата, институциите ги спроведоа резултираа со силна, ефикасна и независна правна држава, каде никој, а најмалку политичка партија може да врши притисоци и злоупотреби.

Но, очигледно ВМРО-ДПМНЕ не може да се ослободи од режимската матрица во која е заглавена со години, не може да се помири со независно владеење на правото, па затоа очајно се обидува преку нарачки и притисоци да се меша во работата на правосудството.

Со ова се потврдува дека Мицкоски останува единствен на браникот на криминалот на својата партија и затоа го чека уште еден пораз од граѓаните, заклучуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

„ЕУ за општините“ го објави првиот практичен прирачник за управување со проекти финансирани од ЕУ

ДЕСК

Јаневска: Реформската агенда ни наложува промени во високото образование, за тоа е потребна и нова законска рамка што сега ја креираме

ДЕСК

Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина

ДЕСК