Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Битолчанка осомничена за продажба на хероин

Битолчанка со моментално престојувалиште во Ресен е осомничена за продажба на хероин, откако полицијата по спроведен претрес кај неа пронашла кеса со наркотичната дрога, соопшти МВР.

Од таму дообјаснуваат дека Основното јавно обвинителство Битола донело наредба за спроведување истрага против лице од Битола со моментално престојувалиште во Ресен за кривично дело неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори казниво по Кривичниот законик, а до надлежниот суд поднесен е предлог за определување мерка ќуќен притвор за осомничената.

Осомничената на 6.6.2021 година, околу 19:00 часот, во Ресен, неовластено заради продажба држела кај себе една најлонска кеса со наркотична дрога хероин со нето-маса од 29,68 грама, која била пронајдена и откриена при извршен преглед од страна на полициски службеници од ОВР Ресен.

Можеби ќе ве интересира

Манасиевски: Заев и Филипче земаа советници од СНС во владата, Обрадовиќ и Башановиќ се олицетворение на Вучиќ

ДЕСК

СТУДЕНТИТЕ БАРААТ ОБРОК ОД 200 ДЕНАРИ – По средбата со Владата сè уште нема одлука

ДЕСК

ДЕНЕСКА БЕЗ СТРУЈА ВО ДЕЛОВИ ОД ПЕТРОВЕЦ И КАРПОШ – Објавени точните термини

ДЕСК