Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

659 санкции за брзо возење на територијата на целата држава

Во текот на вчерашниот ден (6.6.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање возила што се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 659 возачи.

Од нив, 90 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 19 возилa се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Најголем број од санкциите се изречени на територија на СВР Тетово – 145, а потоа на територија на СВР Скопје – 111, на територија на СВР Куманово – 93…

МВР апелира до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесат за побезбедни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Што јадеме? – АХВ во Радовиш и Пепелиште одземеде околу 2 тони месо и производи од месо

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Валандово се развива преку инвестиции во инфраструктурата, водоснабдувањето и подобри услови за живот во сите делови на општината

ДЕСК

Левица на BRICS форум во Москва: Македонија има можност да се отвори кон нови големи пазари

ДЕСК