Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Узунов: Економијата ќе започне да закрепнува од летово

Економскиот раст што успеавме да го направиме 2018 и 2019 година, корона кризата го анулираше, тврди универзитетскиот професор Ванчо Узунов, додавајќи дека државата во моментов е економски вратена на нивото од периодот кога се надмина политичката криза во 2017 година.

Според него, извозот и услужните дејности значително ќе влијаат на економскиот раст.
-Ако Германија не закрепне доволно брзо, како инекои други држави, што и да направиме, нема да може да закрепнеме сами. Побарувачката за голем дел наши производи и услуги е во странство, вели Узунов во интервју за „Фокус“.

Тој прогнозира дека економијата ќе започне да закрепнува летово или наесен, очекувајќи дека услужните дејности што се зависни од домашната побарувачка наскоро „ќе се вратат во игра“.

Претходно, премиерот Зоран Заев сподели дека економијата е во добра состојба и во услови на пандемија и најави нови вработувања и зајакнување на стандардот на граѓаните. Премиерот дополни дека запрвите пет месеци од годинава извозот е зголемен за 18.1 процент, а просечната плата е зголемена за 6.8 проценти.

-Овие пет месеци имаме 200 милиони евра повеќе наплатено приходи само од Управа за приходи и Царина, во споредба со првите пет месеци од 2020 година. Посериозен податок дека економијата се враќа, дека растот е зголемен, нема, рече Заев.

Можеби ќе ве интересира

Истрага за убиство на свиреп начин во кумановско, се испитува поврзаност и со други случаи

C +

Кузеска: Парите што ги планираа за нов авион Владата да ги пренамени за минимална плата од 600 евра

C +

Тошковски за „Клик Плус“ на ТВ 21: Докажавме дека со системот Безбеден град можеме европска вредноста да реализираме во Македонија, во фаза на имплементација е паметен зелен бран на скопските булевари

C +