Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Преку 3 милијарди евра инвестиции во енергетскиот сектор и зелената енергија

Повеќе од 3 милијарди евра инвестиции во енергетиката најави Владата со Интервентниот инвестициски план 2021-2027, со што државата ќе се насочува кон обновливи извори на енергија.

„Верувам дека целиот овој период ќе успееме максимално да инвестираме во сите овие обновливи извори на енергија, граѓаните да не изгубат работно место, а во соодветен временски период согласно овој ИПИ 2021-2027 да успееме дури и пред земји членки на ЕУ да ги затвориме јаглените електрани“ истакна премиерот Зоран Заев на промоцијата на ИПИ 2021-2027.

Помеѓу најважните инвестиции во енергетскиот сектор се издвојуваат гасниот терминал и гасната електрична централа во Александруполи.

„Нашиот удел е 10% во терминалот за природен гас и 25% во гасната централа во Александруполи во којшто ќе инвестираме 32 милиони евра. Убавината во гасниот терминал е тоа што има 178 милиони грант од ЕУ, каде што соодветно припаѓа грантот и на Северна Македонија“ објасни премиерот Заев.

Можеби ќе ве интересира

Ако утре сабајле слушнете детонации во кругот на касарната “Еребино” не се вознемирувајте – ќе се уништуваат минско-експлозивни средства

ДЕСК

Мицкоски: Инвестицијата од 22 милиони евра носи енергетска стабилност за Скопје

ДЕСК

Законот за Советот на Законот за јавните обвинители го помина првото читање на Комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците и на Законодавно-правната комисија во Собранието

ДЕСК