26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Фотонапонска електрана од 100 мегавати со јавно-приватно партнерство ќе се гради во Осломеј

„Северна Македонија е одлична дестинација за инвестиции во фотонапонски централи, што покажува и инвестицијата од 70 милиони евра за фотонапонска електрана од 100 мегавати која ќе се изведе по пат на јавно-приватно партнерство или издавање на концесии“ кажа премиерот Зоран Заев презентирајќи го Интервентниот план за инвестиции 2021-2027.

Државата бараше најмалку 10% во јавно-приватното партнерство, а на крајот доби 18% од една и 18,5% од друга компанија за фотонапонската централа која ќе го урбанизира стариот јагленокоп во Осломеј.

„Државата бараше најмалку 10% заради земјиштето и обврската за приклучок како и урбанизација на стариот јагленокоп во Осломеј да поставиме 100 мегавати фотонапонска централа со обврска инвеститорите да земат по 1 вработен по мегават односно 100 вработени од Осломеј за да трајно ги обезбедиме тие наши сограѓани“ објасни премиерот Заев.

Оваа инвестиција е дел од Интервентниот план за инвестиции 2021-2027 со кој се најавуваат преку 8 милијарди евра инвестиции во македонската економија, од кои најголем дел, односно, преку 3 милијарди се во енергетиката.