Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Утре сончево со мала локална облачност

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност и со слаб, вдолж Повардарието умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 14, а максималната ќе достигне од 23 до 29 степени.

Во Скопје, ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од северозападен правец. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 26 степени.

Во недела, според најавите од УХМР, ќе преовладува облачно време, во попладневните часови ќе има повремени врнежи од дожд кои ќе се задржат и во следните два дена. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец, а температурата до средината на наредната седмица ќе биде во опаѓање.

Можеби ќе ве интересира

Каква е состојбата на патиштата?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ДЕНЕС – До 32 степени, но чадорот не го оставајте дома: Попладне можен пороен дожд и грмежи

ДЕСК

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК