23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИСТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Приходите во 2021 ги надминаа тие од 2020, дури и проектираните со планот за Буџетот

„Доколку ги погледнеме приходите во 2021 година, ние имаме повисоко остварување на приходи во однос на 2020 година и во онос на планот на проекцијата на Буџетот за 2021 година“ кажа заменик-министерот Димитар Ковачевски во емисијата „Економски магазин“ на Алсат М.

„Кога го бранев буџетот за 2021 година во Собранието, нереалните критики беа дека приходите се нереални, бидејќи тие излегоа над планираните. Друга критика беше дека ќе мора да правиме ребаланс во април, еве веќе сме скоро јуни, а се уште немаме потреба од ребаланс. Трето беше дека ќе мора покрај едната еврообврзница да издаваме уште една, што не е точно“ кажа Ковачевски.

Тој објасни дека земјава има најмало даночно оптоварување во регионот и дека клучен проблем е адресирањето на сивата економија.

„Кога зборуваме за даночни реформи зборуваме и за Стратегија за борба со сивата економија. Доколку имате 36,7% неоданочен тек во државата, мора да се посветите на тоа“ кажа Ковачевски.

Заменик-министерот за финансии објасни дека Стратегијата за даночни реформи и Стратегијата за борба против сивата економија се поврзани една со друга и дека потребно е подигнување на свеста на граѓаните со што би се дошло до поголемо собирање на даноци и намалување на сивата економија.