Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Бектеши – Кондурос: Заедничките енергетски проекти клучни за зголемување на регионалната соработка

Министерот за економија, Крешник Бетеши, денеска оствари средба со Русос Кундурос, амбасадор на Грција во нашата земја.

На состанокот се разговараше за можностите за продлабочување на економската соработка помеѓу двете земји.

Северна Македонија и Грција имаат традиционално висока економска соработка, трговската размена е во континуирано во раст и покрај пандемијата, Грција е наш четврти најголем трговски партнер, а грчките компании се едни од најголемите инвеститори во земјата, констатираат од Министерството за економија.

Министерот Бектеши посочил дека има голем потенцијал за дополнително зголемување на соработката во енергетскиот сектор ако се земат предвид заедничките проекти за изградба на терминалот за течен нафтен гас во Александрополи, како и гасното поврзување помеѓу двете земји со изградба на интерконектор.

Како што истакна министерот Бектеши, преку гасното поврзување со Грција, Северна Македонија ќе добие нов извор за снабдување со поеколошки и поевтин енергенс, а со тоа и можност да стане регионален центар за понатамошен транзит и дистрибуција на гасот на земјите од регионот.

На состанокот беше изразена поддршка од Грција на нашата држава за прогрес и во евроинтеграциите по постигнатото членство во НАТО, како и за техничка помош во процесите важни за европските перспективи.

Можеби ќе ве интересира

ПИШТОЛ, МУНИЦИЈА И ПОЛИЦИСКА ОПРЕМА ВО „ГОЛФ“ – Кривични пријави против двајца браќа од беровско

ДЕСК

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НИЗ СКОПЈЕ – Шест лица приведени, меѓу нив и двајца турски државјани

ДЕСК

Манасиевски: Филипче и СДС лажат, Алта банка немала забрана за работа во ЕУ и не можела да биде спречена да влезе во Македонија

ДЕСК