Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Родители со закани сакале да спречат синот да биде казнет за неносење маска

Против две лица на возраст од 40 и 43 години Основното јавно обвинителство Битола поднесе предлог за издавање казнен налог за кривично дело – спречување службено лице во вршење службено дејство казниво според Кривичниот законик.

На 20.10.2020 година, на пазарот во Битола, двајца полициски службеници се обиделе да легитимираат лице што не носело лична заштита на лицето.

Тој одбил да се легитимира. Во тој момент дошле неговите родители, кои го повлекле назад и почнале да им се закануваат на полициските службеници.

Јавниот обвинител за двајцата обвинети предложи судот да изрече условна осуда со утврдување казна затвор од три месеци, која нема да се изврши доколку тие не сторат ново кривично дело во рок од една година.​

Можеби ќе ве интересира

Херои на денот: Екипите на Електродистрибуција спасија маче од електричен столб! (ВИДЕО)

C +

Заев се закани со тужба, тврди дека не е поврзан со конфискацијата на канабисот и облакодерите во Дубаи: „Шират лаги и клевети“

C +

Српските медиуми објавија дека Даниел Кајмакоски бил киднапиран во Белград

C +