Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Обвинение против струшкиот гинеколог Асани, во дивата ординација работел седум години

Струшкото основното јавно обвинителство денеска до надлежниот суд достави обвинение против 54-годишниот гинеколог Мухамед Асани од Струга за сторено кривичното дело – давање здравствени услуги без дозвола за работа.

Како здравствен работник – доктор специјалист по гинекологија и акушерство, обвинетиот давал здравствени услуги во простор за кој немал дозвола за работа, информираат од Обвинителството.

Имено, тој во просторија во неговата семејна куќа, подготвил ординација која не била регистрирана и означена. Здраствените услуги обвинетиот ги давал од 2013 до 2020 година, со тоа што ги водел контролите на бременоста на повеќе пациентки. За извршените прегледи обвинетиот наплатувал по 1.000 денари од пациентките, а за примените средства не издавал никаков доказ.

При извршен надзор на Државниот санитарен и здравствен инспекторат при Министерството за здравство на 16 јануари 2020 година, било констатирано дека за опремената ординација докторот не поседувал дозвола за работа, по што му било врачено Решение со кое му било забрането во неа да врши здравствена дејност.

Инаку, Мухамед Асани беше поранешен директор на струшката болница, кој беше разрешен поради случајот со родилката од Дебар, која при породувањето во Струга остана без бубрег, матка и јајник.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Јасно е дека кај многумина има страв од избори, но изборите ќе бидат редовни, во 2028 година

C +

СДСМ: Европа не може да прими во членство организирана криминална група како ВМРО

C +

Тошковски: Новата шалтер сала во МТВ – побрзи услуги и подобри услови за граѓаните и вработените

C +