Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Добра вест: Просечната плата за време на пандемија пораснала за 6.8 проценти во споредба со истиот период лани

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во март 2021 година изнесува 28.217 денари и бележи раст во однос на март лани од 6,8 отсто, објави Државниот завод за статистика.

Според објавените податоци ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите уметност, забава и рекреација за 17,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 12,3 отсто и информации и комуникации за 12,1 отсто.

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите рударство и вадење на камен за 14,9 отсто, дејности на здравствена и социјална заштита за 5,3 отсто и градежништво за четири отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен во март 2021 година изнесува 42.097 денари.

Можеби ќе ве интересира

Во рамките на Глобалната недела на претприемништвото:  Европската бизнис асоцијација ги поврза студентите со бизнис приказните

ДЕСК

НОВА МОЖНОСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ ДА ЗАРАБОТАТ ОД СВОИТЕ ЗАШТЕДИ – Државата нуди обврзници со камата од 4,6 отсто годишно, минималниот влог е 10.000 денари

ДЕСК

ЕФЦ со нови старт-пакети за компаниите: „Не плаќајте магацин под кирија – ние ви нудиме целосна логистика, дигитализација и достава до следниот ден“

ДЕСК