12. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Заев: Продолжуваме да се европеизираме дома, но има разлика доколку тоа го правиме сами или низ преговорите

„Не се откажувам од изнаоѓање на решение со Бугарија, бидејќи нема што друго да правиме. Европската Унија нема алтернатива. Ние продолжуваме да се европеизираме дома, но не е исто сами да се европезирате и низ процесот на преговори, низ поглавјата. Низ поглавјата и кластерите доаѓаат и милиони за поддршка за да може да те мотивираат и охрабрат да покажеш навистина вредности и ефекти од реформите во државата“ кажа премиерот Зоран Заев во гостувањето на „Утрински брифинг“.

„Новата методологија е фер, доколку отворите и затворите пет поглавја имате за тој дел кохезивни фондови што ќе не движат напред“ објасни Заев.

Тој додаде дека се надева на решение со Бугарија, бидејќи и бугарскиот народ на претходните избори покажа дека сака европско лидерство и лидерство кое решава проблеми.

„До крајот на неделата, Портогалското претседателство со ЕУ ќе достави Стратегија до Бугарија и Северна Македонија за решавање на проблемот. Нашите црвени линии се јасни – ако се чепнат македонскиот идентитет и македонскиот јазик, ние се тргаме од преговорите. Тоа е јасно и европска вредност, за идентитет, никој, никогаш не разговарал“ кажа Заев.

Можеби ќе ве интересира

Николоски од Охрид: Кирил Пецаков ќе има историски најголема победа, реализираше бројни проекти и покрај тоа што три години се соочуваше со опструкции

ДЕСК

Филипче повика на мобилизација: Ова не се обични избори, ова е морална битка за Македонија

ДЕСК

Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ нуди програма и проекти, додека СДС-ДУИ-Левица излегуваат со најцрната и најмизерната кампања што некогаш Македонија ја видела

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.