Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Заев: Дожност на секој претседател на партија е да остави наследство и млади луѓе кои ќе ја унапредат

„Должност на секој претседател на партија е да остави наследство и млади луѓе кои имаат енергија. Претседател на СДСМ сум 8 години, а после нас треба да дојдат луѓе што ќе ја наследат партијата, меѓутоа со одговорност и обврска тоа да го унапредуваат, затоа што директно се рефлектира во Владата“ истакна претседателот на СДСМ и премиер на Република Северна Македонија, Зоран Заев во гостувањето на „Утрински брифинг“ запрашан за младите луѓе во раководството на партијата.

Тој додаде дека овој состав на СДСМ е авангардата што ќе влече напред и што после ќе генерира сосема ново поглавје на општественото живеење.

„Во партијата се градат структури кои ќе ја демократизираат. Да има дебата, да има различност, да има кавги на Централен и Извршен одбор, за да се калаат тие млади луѓе“ кажа Заев.

Лидерот на СДСМ објасни дека политиките во партијата се носат преку разговори во комисиите, на кои покрај раководството, учествуваат и стручни луѓе од дејноста.

„Стручните комисии се отворени. Таму имаме сериозни општественици, меѓу првите имиња во било која од областите кои членуваат или помагаат“ кажа Заев.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО вели дека граѓаните станале милионери по намалувањето на ДДВ на горивата, возвратија од СДСМ

ДЕСК

СДСМ: Задоцнета и половична мерка на Мицкоски без ефект, горивата пак ќе поскапат

ДЕСК

Полицијата одзеде десетина возила: Лишени од слобода 14 возачи за безобѕирно управување возило, осуммина од нив возеле без положен возачки испит, меѓу нив еден малолетник

ДЕСК