Centar.mk
ЛОКАЛНО

Викендов авионско прскање против комарци во Скопје

Градските власти ги известуваат граѓаните дека в сабота (22 мај) ќе зпочне авионска дезинсекција на подрачјето на Скопје против возрасни форми на комарци, а на 24 мај (понеделник) терестричната дезинсекција против возрасни форми на комарци.

„Авионската дезинсекција ќе се одвива на 22 (сабота) и на 23 мај (недела), во раните утрински часови. Терестричната дезинсекција ќе се одвива од 24 (понеделник) до 28 мај (петок), во период од 22 до 3 часот наредниот ден“, се наведува во соопштението.

Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, истата ќе се изврши во истиот термин првиот нареден ден, кога временските услови ќе бидат поволни.

Се известуваат пчеларите навремено да ги преземат потребните мерки за заштита на пчелите.

Можеби ќе ве интересира

Неделен лабораториски извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење

ДЕСК

Водата во Ресен не се препорачува за пиење

ДЕСК

Голема Река во Ресен го достигнува врвот, неколку улици се под вода, а метеоролозите најавуваат пороен дожд и следните денови

ДЕСК