Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски и Туск телефонски разговарале за состојбите во Македонија

Лидерот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски соопшти дека имал телефонски разговор со претседателот на Европската народна партија Доналд Туск, кој воедно беше поранешен Претседател на Европскиот Совет и премиер на Полска.

„ Разговаравме за актуелните случувања во земјава, го информирав за високиот степен на криминал и инволвираноста на високи претставници на владата во таквиот криминал кој поминува неказнет, како и широката распространетост на корупцијата и гушењето на слободата во земјата. Не е можен напредок, со корумпирано судство, не се можни фер избори со поткуп, и двојни стандарди. Не е можна нормалност со силеџиска и исплашена влада која турка закони за лични интереси на грбот на народот. Договоривме со Туск понатамошна соработка и поддршка во рамките на заедничките процеси во интерес на ВМРО-ДПМНЕ и Македонија. Благодарност за поддршката!“ напиша Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Попладнево трагедија ја потресе Македонија – Во сообраќајка кај Мирковци загина едно лице

ДЕСК

Важна вест вечерва пристигна од Министерството за надворешни работи до граѓаните кои се заглавени во Емиратите

ДЕСК

Сончево, па дожд – Метеоролозите со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК