Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Со блокадата на законот за служба во АРМ, ВМРО-ДПМНЕ останува на спротивната страна на граѓаните

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ со своето деструктивно дејствување во Собранието продолжуваат да нанесуваат директна штета на граѓаните и државата. ВМРО-ДПМНЕ ги блокира измените и дополнувањата на Законот за служба во Армијата со 2.000 амандмани, истакнуваат од владејачката СДСМ.

Со оваа блокада, како што велат од таму, ВМРО-ДПМНЕ покажува дека е против олеснување на условите за пензионирање, против отпремнини за припадниците на Армијата.

„ВМРО-ДПМНЕ се противи војниците, луѓе кои се заштитници на татковината, кои се подготвени да го дадат својот живот, кои за целото времетраење на пандемијата со коронавирусот се дел од првите борбени редови, да имаат право на избор, се противи војниците да имаат можност да добијат и 20.000 евра отпремнина по навршување на 45 години возраст, ВМРО-ДПМНЕ е против дополнителните поволности при пензионирање. ВМРО-ДПМНЕ не ја поддржува можноста за стипендирање на дефицитарните кадри во Армијата и натамошно јакнење на капацитетите на Армијата. Партијата предводена од Христијан Мицкоски глуми лажен патриотизам, партија која не го честиташе членството во НАТО, партија која опструираше значајни процеси во одбраната“, реагираат од СДСМ.

Според нив, ВМРО-ДПМНЕ е истата партија која за целото 11-годишно режимско и деструктивно владеење недоволно вложуваше во одбранбениот сектор, партија чии погубни политики, според СДСМ, ја девалвираа Армијата.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО ВО МАКЕДОНИЈА – Силен ветер над 60 км/ч, утринска магла и дожд за викендот

ДЕСК

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ СЛУЧАЈ ВО ВЕЛЕС – Кај ученичка забележани видливи повреди, известени полицијата и обвинителството

ДЕСК

РЕВИЗИЈАТА ОТКРИ ПРОПУСТИ ВО МИНИСТЕРСТВО – Проблеми со имотот, обврските и јавните набавки

ДЕСК