Centar.mk
БИЗНИС

Индустријата за обновлива енергија забележа најбрз раст од 1999 година

Капацитетот на енергијата создадена од ветер се зголеми двојно во текот на 2020 година, додека потрошувачката на сончева енергија се зголеми за скоро 50 проценти, поради зголемениот интерес на владите и корпорациите за чиста енергија

Глобалната индустрија за обновлива енергија забележа најбрз раст од 1999 година, и покрај паузата во пандемијата на коронавирус, соопшти Меѓународната агенција за енергија (ИЕА).

ИЕА соопшти дека спроведувањето на проекти за обновлива енергија, вклучително и фарми со ветерници и соларни енергии, се зголемило за 45% минатата година.

Капацитетот на енергијата на ветерот се зголеми двојно во текот на 2020 година, додека потрошувачката на сончева енергија се зголеми за скоро 50 проценти повеќе, поради зголемениот интерес на владите и корпорациите за чиста енергија.

„Владите треба да го надградат овој ветувачки импулс со воспоставување политики кои поттикнуваат поголеми инвестиции во соларна енергија и ветер, дополнителна мрежна инфраструктура што ќе им биде потребна и други клучни технологии за обновлива енергија, како што се хидроенергија, биоенергија и геотермална енергија“, рече Фатих Бирол, извршен директор на ИЕА.

извор: Bilans.mk

Можеби ќе ве интересира

ТИТАН Усје работи како одговорна компанија во земјата повеќе од седум децении

ДЕСК

GLOBAL DIGITAL CITY 2026 ЗАВРШИ СО ДВОДНЕВЕН НАСТАН ПОСВЕТЕН НА BPO, ИКТ, ВРАБОТУВАЊЕ НА МЛАДИ И РАЗВОЈ НА ВЕШТИНИ

ДЕСК

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година во пазарна средина исполнета со предизвици

ДЕСК