Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

СДСМ: Владата предводена од СДСМ со кампања ќе спасува животи, ВМРО-ДПМНЕ го величаше ликот и делото на Груевски со милиони евра

Соопштение за јавност – реакција СДСМ на прес-конференцијата на Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ – Интегрално:

Владата предводена од СДСМ со кампања ќе спасува животи, ВМРО-ДПМНЕ го величаше ликот и делото на Груевски со милиони евра
ВМРО-ДПМНЕ од почетокот на пандемијата со коронавирусот го опструира и поткопува здравствениот систем, ги поттикнува граѓаните да ги кршат мерките за заштита, а од друга страна наголемо продава лажна загриженост за граѓаните.

Ниту еден партиски функцинер на ВМРО-ДПМНЕ ниту еднаш не повика на почитување на мерките, ниту еднаш не ги повикаа граѓаните да се вакцнираат.
Напротив, токму функцинерите на ВМРО-ДПМНЕ први ги кршеа мерките и ширеа лажни вести околу вакцините.

Со секоја постапка настојуваат да го девалвираат јавното здравство и процесот на вакцинација, со кој ќе се стави крај на пандемијата.
Кампања за информирање и едукација на граѓаните за значењето на вакцинацијата е нужно потребна.

Тоа е кампања со која се спасуваат животи од коронавирусот, тоа не кампања за перење мозоци и за величање на ликот и делото на бегалецот од правдата Никола Груевски, како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ 11 години со милиони евра народни пари.

СДСМ обезбедува контрола врз трошењето на средствата за кампања, а не како што тоа го правеше ВМРО-ДПМНЕ со кампањите од милиони евра да купува и да корумпира медиуми. Токму затоа во нивно време, државата беше последна по медиумските слободи, а денеска е прва во регионот.

Разликата е јасна. За СДСМ и институциите што ги предводи на прво место е интересот на граѓаните, за ВМРО-ДПМНЕ личните и теснопартиските интереси.
Затоа ВМРО-ДПМНЕ шест пати се казнети на избори, затоа уште долго ќе останат во опозиција.

www.sdsm.org.mk

Можеби ќе ве интересира

Претседателот на СДСМ Филипче упати честитки по големата победа во Србија!

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче се заплетка во сопствените лаги, излажа за анкетите, а сега и дека поседува автомобил од 6.000 евра кој го нема во анкетниот лист, што уште крие Филипче од јавноста?

ДЕСК

СДСМ: Со ребалансот нема пари за минимална плата од 600 евра, има нови долгови за граѓаните

ДЕСК