Centar.mk
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

(Видео) Владина делегација положи цвеќе на партизанските гробишта во Бутел

Делегација на Владата предводена од премиерот Зоран Заев, заедно со министерот за надворешни работи, Бујар Османи, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и министерката за образование и наука, Мила Царовска, по повод 9 Мај – Денот на победа над фашизмот и Денот на Европа, положија свежо цвеќе на партизанските гробишта во Бутел.

Покрај владината делегација, свежо цвеќе положија и делегации на Сојузот на Борци од НОБ, Собранието, Кабинетот на Претседателот на државата, Армијата и Град Скопје предводена од градоначалникот Петре Шилегов.

Оддавањето почит на борците против фашизмот за нивните дела кое израснаа врз рушевините и ужасите на Втората светска војна, е и за делата кои ја создадоа македонската државност паралелно со победата над фашизмот.

Можеби ќе ве интересира

Пет лица вмешани во паниката во Тетово: Полицијата приведе малолетници

ДЕСК

Драма со бебе во Радовиш: Малолетници го носеле, па забележале крв на главата

ДЕСК

Малолетник предизвика сообраќајка во Гевгелија и побегна – возач тешко повреден

ДЕСК