Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Спасовски: Хероите живеат вечно

Фејсбук статус на Оливер Спасовски:

Љубиша Аранѓеловиќ, Бобан Ивановиќ, Горан Илијевски, Жарко Кузмановски, Исамедин Османи, Сашо Самојловски, Ненад Серафимовски и Горан Стојменовиќ – имињата на осумте припадници на Министерството за внатрешни работи, нашите колеги и пријатели, кои што во вооружената пресметка со терористите, ја дадоа најскапата можна жртва во името на слободата и мирот, за одбрана на татковината – човечкиот живот. Нека им е вечна слава!

Изминаа шест години од трагичниот настан „Диво Насеље“, кој ги вознемири граѓаните на нашата држава, а остави неспокој кај моите кумановци. И токму благодарение на прибраноста на моите сограѓани, злата намера на нарачателите на овој конфликт не го доби посакуваниот одговор.

Оживувајќи го споменот на осумте загинати колеги, денеска заедно со директорот на БЈБ, началникот на Одделот за специјални полициски операции и командантите на Единицата за брзо распоредување и Специјалната антитерористичка единица „Тигар“, оддадовме почит на нивните вечни почивалишта, во знак на благодарност кон нашите херои и огромната почит кон нивните семејства.

Хероите живеат вечно – СЛАВА ИМ!

Можеби ќе ве интересира

На денот кога Кошта го потврди СДСМ – Мицкоски го апси Богоев, вели СДСМ

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Реципроцитет и исполнување на обврските на Бугарија а не нови отстапки, услови и национални понижувања како што нуди СДС и Филипче

ДЕСК

Пред невреме проверете го ова: Кров, олуци, автомобили, дворови и електрични уреди

ДЕСК