Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МакедонијаИнтервјуТОП ВЕСТИ

Интервју со Д-р. Александар Трајановски: Со првата трансплантација на коска отворивме ново поглавје во ортопедијата

Пред велигденските празници, на Клиниката за ортопедија за првпат во македонското здравство се изведе трансплатација на коска од починат донор. За тоа како мина овој оперативен зафат, што тоа значи за здравството и граѓаните разговаравме со Д-р. Александар Трајановски, хирург на Клиниката за ортопедија и директор на ЈЗУ ТОАРИЛУЦ

 

Centar.mk -Др.Александар Трајановски, кажете нешто повеќе за тоа како мина првата трансплантација на коска од починат дарител!?

Др.Трајановски – Особено сум горд што за прв пат во нашата земја имавме можност да направиме трансплантација на коска од починат дарител. Трансплантацијата беше извршена на 27ми април, датум на кој со воодушевување ќе се присетуваме, На клиниката за ортопедија каде заедно со мојот тим извршивме целосна замена на малигно ткиво на пациент кој се лекува од малигнен тумор со здраво ткиво од починатиот донор. По извршената експлантација на коскеното ткиво една недела претходно, и по сите завршени испитувања како и завршена биопсија и хемотерапија, целосно го заменивме малигното ткиво. Операцијата траеше исцрпувачки пет часа, но имавме силна мотивација знаејќи дека токму овој оперативен зафат ќе го спаси животот на нашиот млад пациент. Нашиот пациент се чувствува одлично и му посакуваме да е во добро здравје и понатаму.

 

Centar.mk -Што значи овој зафат за македонскиот здравствен систем, но и за граѓаните кои имаат потреба од вакви операции?

Др.Трајановски -За македонскиот здравствен систем значи отворање на едно ново поглавје во оваа област.
Нашиот здравствен систем, Mинистерството за здравство и Клиниката за Ортопедија покажаа голема подготвеност и спремност за овие новини кои од сега треба многу почесто да се применуваат. Ја имавме таа можност да од најхуманиот гест, од починатиот донор го продолжиме животот на уште еден млад пациент.Ваквите коскени трансплантации ни овозможуваат многу можности за успешни оперативни зафати имаат и даваат огромен бенефит за пациентите и се користат кај пациенти кои имаат оштетувања на коските предизвикани од бенигни и малигни тумори, посттраумни состојби и последици , одредени вродени аномалии и многу други заболувања кои прават трајни оштетувања на коските.

 

Centar.mk -Дали ваквите сложени операции можат да станат редовна пракса на Клиниката?

Др.Трајановски -Клиниката за ортопедија е целосно подготвена за ваквите операциони зафати. Самите услови и прекрасниот тим од стручни лица кои работат на нашата клиника ни кажуваат дека можеме целосно да ги завршуваме ваквите сложени операции. Силно сум убеден и верувам дека оваа наша прва успешна операции нема да е и наша последна и ова ќе биде редовна пракса на нашата клиника. Имаме многу пациенти на кои ваквите операции им значат живот. Донирањето на органи е клучна алка во спасувањето на многу животи. Ваквиот највисок акт на хуманост е нешто на кое треба да се посвети внимание, и апелирам тоа да се случува постојано. Благодарност до сите хумани луѓе и семејства што го поддржуваат донирањето органи, спасувајќи многу животи.

Centar.mk -Кои се идните планови на Клиниката во однос на набавка на нова опрема?

Др.Трајановски -Моментално веќе неколку месеци ЈЗУ ТОАРИЛУЦ каде и се наоѓа клиниката за ортопедија, дополнително функционира како ковид центар.

Притисоците и активностите се зголемени, но тоа не, не спречува да функционираме безпрекорно и да се грижиме за сите пациенти.

На Клиниката за ортопедија е започнато реновирање на делови од клиниката како и целосно реновирање на амбулантата.

Ова е проект за кој се залагам од моето доаѓање како директор на ЈЗУ ТОАРИЛУЦ и засега имаме завршено еден цел блок на клиниката за ортопедија, блокот А на стационарот кој е со капацитет од 30 кревети каде се сместуваат нашите пациенти. Целосното реновирање го направивме со менување на старите дотраени и во лоша состојба тавани, подови, прозорци, санитарии, кревети и го обликувавме делот на клиниката во еден модерен стил по светски здравствени стандарди. Целосното реновирање на клиниката ќе биде завршено до месец септември оваа тековна година. Дополнително на Ортопедија ќе има “Видеоларингоскоп”- кој ќе послужи за полесно интубирање на пациентите, нов апарат за коагулација во операционата сала кој ќе најде широка примена за тумори и ревизии.

Пациентите заслужуваат безпрекорни услови каде ќе бидат сместени и лечени од нашите стручни доктори и стручен медицински персонал . Постојано вложуваме во клиниката и се трудиме нашите пациенти да чувствуваат дека навистина се грижиме за нив, секој еден пациент за нас е битен. Благодарни сме и за досегашната огромна поддршка од Министерството за здравство и самиот Министер за здравство со кој постојано сме во координација и ја продолжуваме соработката..

Можеби ќе ве интересира…

  • Вести +
  • Biznispro.com
  • Жена
Нов силен земјотрес го погоди Чиле: Се слушна силен звук

Силен земјотрес со јачина од 6,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди Чиле. Според EMSC, земјотресот се случил во 14:33 часот по локално време. Епицентарот на земјотресот бил на… Прочитај повеќе

Полицијата им е зад пети на кластерот интернет терористи осомничени за дојавите за бомби во Македонија?

Деновиве во Србија, Босна и Херцеговина и Бугарија на сличен принцип како и во Македонија стигнаа десетици дојави за бомби во училишта и образовни институции, пишува Centar.mk. Во Бугарските медиуми… Прочитај повеќе

Го вклучија црвениот аларм: Америка итно ги повика своите граѓани да ја напуштат Русија

Американскиот Стејт департмент издаде итно предупредување до своите граѓани да не патуваат во Русија. Во соопштението се наведува дека на сите американски државјани во Русија им се препорачува што поскоро… Прочитај повеќе

Тргна исплатата на пензиите – Повисоки се за 8,4 проценти

Министерството за труд и социјална политика известува дека на ден 28.03.2023 година (вторник) започнува етапната исплата на пензиите за месец март, зголемени за 8.4% согласно усогласувањето предвидено со новата методологија… Прочитај повеќе

Пресврт: Пелети сега се продаваат и за 230 денари од вреќа, но никој не ги купува

Откако голем број на граѓани се префрлија од пелети на греење со инвертери, топлотни пумпи или дрва побарувачката на овој енергенс драстично се намали, пишува Центар.мк. Високите цени од над… Прочитај повеќе

Комерцијална банка прогласена за Најдобра банка во Македонија за 2023 од магазинот Global Finance

Скопје, 24.03.2023 година – Комерцијална банка е прогласена за „Најдобра банка во Северна Македонија за 2023 година“ од угледниот магазин Global Finance, награда која се должи на понудата на врвни… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе

СТАНЕТЕ КРАЛИЦА НА ФЛЕРТОТ, А ЕВЕ И КАКО – Седум трикови за заведување на кои мажите никогаш не можат да одолеат

Ако мислите дека физичкиот изглед е главниот фактор за успешно флертување, вие сте осудени на неуспех. Самодовербата и шармот се поважни од физичкиот изглед. Изгледот е, да не се лажеме,… Прочитај повеќе

Не сте сигурни дали тој е вистинскиот? – Овие 5 прашања треба да си ги поставите по три месеци врска

Бидете искрени со себе бидејќи од тоа зависи иднината на вашата врска. Откако ќе поминат првичниот занес и огномет од емоции, секоја врска достигнува точка на прекршување. Тогаш е време… Прочитај повеќе