Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

За еден ден казнети 788 возачи за брзо возење во Македонија

Полицијата за еден казни 788 возачи за брзо возење на територија на цела држава.

Во текот на вчерашниот ден (3.5.2021) Министерството за внатрешни работи спроведе зајакната акциска контрола на територијата на државата за санкционирање возила кои се движат со брзина поголема од дозволената. Казнeти се 788 возачи.

Од нив, 111 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а 21 возило се движело со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина.

„Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи и заеднички да придонесеме за побезбедни патишта“, велат од МВР.

Можеби ќе ве интересира

УХМР најавува нестабилно време: Викендот носи поројни дождови, грмежи и можни локални невремиња – детална четиридневна прогноза

ДЕСК

СДСМ: Професорката Гордана Сиљановска-Давкова падна на испит во Словенија

ДЕСК

17 годишно девојче нападнато од соученик во училиште во Карпош

ДЕСК