Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведен крадец од Куманово, украдените пари, пронајдени и вратени на сопственикот

Утрово во 06.00 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода лицето М.Т.(30) од Куманово.

Тој синоќа околу 23.25 часот со употреба на сила влегол во продавница на улица „Ѓорче Петров“ во Куманово и одзел пари од дневниот промет.

Врз основа на судска наредба бил извршен претрес во домот лицето М.Т., при што биле пронајдени украдените пари, кои подоцна биле вратени на сопственикот.

М.Т. бил приведен во полициска станица а по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, известува министерството за внатрешни работи.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и талогот од СДС живеат во филм на лаги и ширење паника меѓу граѓаните, Владата прави се да нема никакви ценовни шокови

ДЕСК

Средношколци се натпреваруваат со идеи за идни бизниси, за реализација победникот ќе добие финансиска поддршка

ДЕСК

Коњановски: Студентската картичка преку М-услуги ќе им овозможи на студентите 20% попуст на услугите во текот на целата година

ДЕСК