Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи во посета на Данска

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска во Копенхаген ќе се сретне со министерот за надворешни работи на Данска, Јепе Кофод.

„Покрај билатералните односи, централна тема на средбата ќе биде европското досие на земјава, политичките актуелности во земјата, постигнатиот напредок во клучните реформски области, но и добрососедските односи, како и обезбедување поддршка со јасна цел имплементација на одлуката за почеток на преговорите од страна на Советот на ЕУ од март минатата година, преку усвојување на преговарачката рамка и одржување на првата Меѓувладина конференција“, соопшти МНР.

Во текот на денот, Османи ќе има средба и со Жан Елерман-Кингомбе, државен секретар во Кабинетот на премиерката Фредериксен.

За време на посетата на Копенхаген, министерот ќе има состаноци и со повеќе наши граѓани, како и со претставници на повеќе здруженија на дијаспората.

Можеби ќе ве интересира

Спасовски учествуваше во хуманитарната акција на СДММ Куманово

ДЕСК

Пожар кај Струга: Запалена сува трева покрај пат – лице повикано на разговор

ДЕСК

Шок во Карпош: Девојка нападната од повеќе лица со тврд предмет – голема женска пресметка во главниот град

ДЕСК