Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Трудот и работникот не биле никогаш толку погазени

Трудот и работникот не биле никогаш толку погазени како сега од оваа најнеспособна, најнеодговорна и најкорумпирана власт во Европа, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во честитка по повод 1-ви Мај, Меѓународниот ден на трудот.

„Оваа година работникот и неговиот труд како никогаш досега е девалвиран и потценет. Оваа година е најцрната економска година за Македонија. За една година во Македонија има над 60 илјади нови невработени, преку 6.000 компании кои ставија клуч на своите врати и скоро 600 илјади лица живеат во сиромаштија“, вели лидерот на опозицијата.

Мицкоски оценува дека сликата со правата на работниците и нивниот стандард никогаш не била потажна и поцрна, а владините мерки биле необмислени или задоцнети, па наместо конкретна помош се претвориле во обична маркетинг шминка.

„Наместо ветуваните над милијарда евра помош, кај стопанството и кај работниците завршија само трошки. Токму затоа имаме состојба во која кај елитата на празничните трпези ќе има златни лажици, а кај најголемиот дел од народот живот на вересија. Затоа кај истата таа елита гледаме скапи мотори и хациенди, а кај огромно мнозинство на граѓаните грижи како да ги платат сметките, како да ги вратат кредитите и како да врзат крај со крај во месецот“, вели Мицкоски.

Можеби ќе ве интересира

Важни информации за возачите кои вечерва се движат со своите возила низ Македонија

ДЕСК

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОБИЛНИ ВРНЕЖИ ОД ДОЖД, А ЌЕ ТРУПА И СНЕГ: Метеоцентар објави најнова прогноза за времето во следните 4 дена

ДЕСК

Сточарите и земјоделците излегуваат на протест поради колапс на земјоделството

ДЕСК