Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев: Пред законите сите се еднакви без разлика на функцијата, спроведуваме успешни акции во борба против криминалот

Порано беше мисловна именка да има истрага против високи функционери, а денеска сите еднакво одговараат пред законите, а истражните органи постапуваат неселективно, без разлика дали станува збор за командир на полициска станица или на било кој друг функционер, потенцираше претседателот на Владата на Северна Македонија Зоран Заев на пратеничко прашање за акцијата на полицијата во која беше пресечен канал за шверц со забранети супстанци, спроведена во соработка со американската агенција ДЕА.

„Акцијата беше спроведена според законот и според највисоките стандарди на напредните земји во борбата против криминалот и во соработка со нив. Главниот координатор беше министерот, и да се бара оставка за успешна спроведена акција ниту сакам, ниту помислувам да побарам“, истакна премиерот Заев.

Денеска гарант за транспарентноста и за ефикасноста на нашите политики и акции е будното око на институциите на Владата, рече премиерот, и додаде дека затоа денеска сме на врвот на земјите со најголем напредок во демократијата со што се потврдуваат успешните политики за унапредување на слободата и демократијата како придобивки нотирани во сите меѓународни извештаи.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК