Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ужас: Прво и рекол да му свари кафе, а потоа почнал да ја соблекува – Обвинителството поведе истрага за обид за силување

Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар донесе Наредба за спроведување истражна постапка против 41-годишен гостиварец за кривично дело – Силување од член 186 став 1 во врска со член 19 (во обид) од Кривичниот законик.

На 27 април осомничениот се обидел да изврши обљуба врз една жена, така што најпрвин влегол во нејзината куќа и побарал да му свари кафе. Откако го одбила, тој ја нападнал започнал да се соблекува и да ја допира. Во обид да ја совлада, ја удрил со тупаница по главата.
Оштетената за цело време се спротивставувала и во еден момент успеала да се ослободи и да излезе во дворот. Таму наишол сведок, кој го спречил осомничениот во намерата.

Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка од Основниот суд во Гостивар достави предлог за определување мерка притвор за осомниченото лице.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК