Centar.mk
ЛОКАЛНО

Град Скопје со реакција по интервјуто на Коце Трајановски: Шилегов во 2021 го реализира ветувањето што ВМРО-ДПМНЕ им го даваше на Скопјани на сите избори во последните 30 години

Реакција на интервјуто на Коце Трајановски во Дневникот на Сител од страна на Кабинетот на Градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов:

Коце Трајановски имаше повеќе од 8 години да воведе трамвај или БРТ во Скопје, а наместо тоа се одлучија да фрлат 700 милиони евра на стиропор, камен и бронза од криминалниот проект Скопје 2014.

Наместо БРТ, Трајановски одлучи да гради галии, фонтани и жални врби во коритото на Вардар, палми и градски плажи на кејот на Вардар, а сега зборува дека некој друг треба да воведе електрични автобуси.

Коце Трајановски најмалку има право да говори за проектот како БРТ системот, зашто додека тој и некои негови претходници ветуваа трамвај, некој преку потпишувањето на договорот за заем со ЕБРД го започна процесот на реализација на БРТ системот.

ВМРО-ДПМНЕ 30 години говореше за воведување на трамвај во Скопје, но тоа никогаш не се случи. За разлика од ваквите лажни ветувања, Град Скопје годинава го започна воведувањето на БРТ системот на брз автобуски превоз и тој после 40 години за граѓаните ќе стане реалност.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На Водно ја продолжуваме традицијата, бадниковите гранчиња нека донесат здравје, среќа и благосостојба

ДЕСК

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложбата „Кон светлината“ на Новица Трајковски

ДЕСК

СДСМ со конкретни мерки за загадениот воздух: Бесплатен превоз, пари за филтри, еколошко греење, чистење

ДЕСК