Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Страотна несреќа на “Перо Наков” – Се судрија ауди а3 и кавасаки, има повредени

На 25.04.2021 во 17.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Перо Наков“ се случила сообраќајна незгода помеѓу мотоцикл „кавасаки“, со скопски регистарски ознаки, управуван од И.Д.(32) од Скопје и патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.П.(32) од Куманово.

Во незгодата мотоциклистот и сопатникот В.С.(31) од Скопје се здобиле со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Со телесни повреди се здобиле Д.П. и сопатничката од истото возило Н.П.(33) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

Внатрешна контрола: Нема незаконско постапување при одбиениот влез на британските државјани

ДЕСК

Мицкоски: Секој има право да го користи својот мајчин јазик, а во Законот за правична застапеност процентите не се важни туку квалитетот и очекувам поддршка од сите пратеници

ДЕСК

Невреме во делови од Македонија – еве каде е најкритично

ДЕСК