Фејсбук статус на премиерот Зоран Заев:
На последната владина седница го усвоивме Планот за дигитализација на судството за 2021 година. Со овој процес ќе постигнеме поголема ефикасност и транспарентност на правосудните органи, олеснет пристап до правосудните постапки и намалени трошоци.
Планот содржи активности кои ќе се одвиваат во повеќе фази, започнувајќи од измени на постоечката легислативна рамка како основа за преземање процесни дејствија (е-маил и е-достава) со учесниците во постапките, ИКТ алатки за судења на далечина или изведување само на некои докази на тој начин, обезбедување на судовите со соодветна ИКТ опрема, интернет конекција и други потребни уреди за изработка на електронски документи, користење дигитални сертификати (потписи) и дефинирање на дигитален идентитет за странките, адвокатите и другите учесници во постапката, како и унапредување на АКМИС, обезбедување доволно ИТ кадри и нивна континуирана обука за користење на системот и опремата.
Заедно со министерот за правда, Bojan Maricik, утре на прес-конференција ќе информираме подетално за дигитализацијата на судството, како дел од приоритетите за реформа во судството и зацврстување на правната држава.