Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Видиновски: Новинарите се фундамент на секоја демократија, со законски измени се зголемува нивната заштита

Портпаролот на Министерството за правда Александар Видиновски во интервју за емисијата „25 Минути“ кажа дека новинарите и медиумски работници имаат партнер во Министерството за правда и Владата, бидејќи по долги години барања, конечно нападот врз новинари и медиумски работник ќе се третира како напад врз службено лице. За оваа цел веќе се направени измените во Кривичниот законик и се пратени во владина процедура. Дополнително, преку измени на Законот за граѓанска одговорност се предлага и намалување на надоместокот на штета за клевета и навреда до 10 пати.

Според Видиновски и во иднина сè што може да направи Министерството за правда во насока на заштита на новинарите и медиумските работници ќе биде направено.

– Вие знаете дека јас како портпарол или пак министерот за правда, не можеме во ниту еден случај да коментираме судски одлуки или постапки. Но, тоа што можеме да го направиме е да ги следиме судските случаи каде што се инволвирани новинари, да утврдиме каде можеби се појавуваат проблем и доколку тие можат да се коригираат преку измена на закони кои се под Министерството за правда, тоа и да се направи, најави Видиновски.

Можеби ќе ве интересира

Успешно евакуирана третата група македонски државјани од Блискиот Исток

C +

Кузеска: Мицкоски лаже, како што лажеше за името, сега лаже и за ЕУ!

C +

Сали: Европската интеграција е заеднички проект на државата и општеството

C +