Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Заев објави: Ова се дел од мерките од шестиот пакет за помош

Фејсубк статус на премиерот Зоран Заев:

Туристичко-угостителскиот сектор е најпогодениот сектор од почетокот на кризата предизвикана од пандемијата и затоа во рамки на Шестиот пакет економски мерки, предвидено е:

👉 Финансиска поддршка од 30.750 денари за сите музичари, членови на здруженијата на музичари, како и за лиценцираните туристички водичи, кои во текот на 2020 година имале просечен месечен нето приход под 15.000 денари.

👉 Категоризираните туристички агенции ќе бидат поддржани со 1,4 милиони евра. Притоа туристичките агенции со А лиценца ќе добијат до 5.000 евра, а туристичките агенции со Б лиценца ќе добијат до 2.000 евра.

👉 Како дополнителна поддршка и помош за домашната туристичка, а со тоа и угостителска дејност, ќе се овозможат бесплатни 50.000 ПЦР тестови за странските туристи кои престојувале во државата.

Можеби ќе ве интересира

Благ раст на довербата во институциите и задоволството од работата на Собранието

ДЕСК

Јанчев: Дали планирате да воведете институција „родител-негувател“ за децата со попреченост?

ДЕСК

Битиќи: 11 милијарди евра нов долг, ја туркате државата во провалија со задолжувањето

ДЕСК