Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Османи на средба со премиерот на Косово, Албин Курти

За време на официјалната посета на Приштина, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, оствари средба и со претседателот на владата на Република Косово, Албин Курти.

На средбата беше нагласена заемната подготвеност и интерес за одржување на заедничката седница на Владите на двете држави во најскоро можно време, со што ќе се реафирмираат пријателските односи меѓу двете држави, но ќе биде и поттик за нивно натамошно продлабочување, особено преку големиот број договори за билатерална соработка на линиските ресори, кои се очекуваат да бидат потпишани во рамките на овој настан.

Посебен осврт беше направен врз проектите за инфраструктурно поврзување – автопатот Скопје-Блаце и автопатот Тетово-Призрен, како и зголемувањето и подобрувањето на капацитетите на граничните премини меѓу двете земји, со воведување на концептот за заеднички контроли, кои во дополнителна мерка ќе ја олеснат комуникацијата на граѓаните од двете држави и бизнис-заедницата. Беше истакнат и интересот за заеднички проекти на двете држави во шарпланинскиот реон.

Соговорниците разговараа за актуелните внатрешно политички состојби во двете земји, со акцент на активностите на Владите на двете земји во справување со пандемијата и во овој контекст, напорите за намалување на последиците, пред сè здравствени и економски, од воведувањето на рестриктивните мерки по овој повод.

Во рамките на посетата на Приштина, министерот Османи оствари средба и со двајца почесни конзули на нашата држава во Република Косово, со кои беа разменети мислења за можностите за унапредувањето на билатералната соработка, пред сè преку нивниот ангажман на економски и културен план.

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Филипче бидејќи не знаеш мора да ти кажеме јасно, има соработка и официјални договори со Унгарија, а не како што е во твојата глава дека имало тајни бизнис врски

ДЕСК

ДРАМА ВО БАЛИНДОЛ: Дете со тешки повреди по удар од автомобил кој побегнал

ДЕСК

ТЕШКА НЕСРЕЌА КАЈ ТЕТОВО: Четирицикл излета од пат – двајца млади тешко повредени

ДЕСК