15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Нуредини ја презентираше националната климатска амбиција во рамки на климатскиот лидерски самит на САД

Министерот Нуредини денеска ја претстави климатската амбиција на Република Северна Македонија на виртуелната министерска тркалезна маса организирана од претседателскиот посебен претставник за клима Џон Кери, во рамките на лидерскиот климатски самит на претседателот на САД, Џо Бајден.

Ревидираниот национално утврден придонес за 51% намалување на емисиите на стакленичките гасови, односно 82% нето редукција до 2030, беше презентиран пред министрите од преку 20 други земји во светот, како дел од заложбата на САД за враќање помеѓу водечките економии за постигнување на климатската неутралност.

На средбата, Министерот ја истакна сериозната амбиција на нашата држава како мала, но ранлива на климатските промени, како и поддршката која е потребна од развиените земји за постигнување на глобалните цели.

Можеби ќе ве интересира

Мобилните царински тимови со 199 случаи на заплени во 2025 – Трикратно зголемен број на откриени прекршочни и кривични дела

ДЕСК

Нова дигитална платформа за поврзување на МВР и Службен весник за побрзо објавување на изгубени лични документи и вадење нови

ДЕСК

Мицкоски: Капацитетите на Армијата се зголемуваат – нови 29 оклопни возила од САД

ДЕСК